„Чудесната жена“ станува Клеопатра: Гал Гадот на мета на критики веднаш по добивање на улогата

552

Познатата режисерка Пати Џенкинс и актерката Гал Гадот повторно ќе ги здружат своите сили и ќе соработуваат на нов филм.

Тие се покажаа како одлично креативно дуо по филмот „Чудесна жена“ (Wonder Woman), а додека светот со нетрпение го очекува продолжението „Чудесна жена 1984“, Пати и Гал најавија нов заеднички проект.

Џенкинс ќе го режира новиот филм за Клеопатра, а главната улога ќе ја игра токму Гал Гадот. Се уште не е познато кога ќе започне снимањето.

„Сакам да учествувам во интересни авантури, ја сакам возбудата од нови проекти. Приказната за Клеопатра е нешто што долго сакам да го раскажам, многу сум благодарна што сум дел од тимот“, напишала Гадот на Твитер.

Иако многумина не можат да ја оспорат убавината и талентот кои ги поседува оваа славна актерка, потребни за улогата на Клеопатра, таа сепак се најде на мета на критики. Имено, многумина сметаат дека Гал како бела жена не би требало да ја игра африканската кралица Клеопатра, меѓутоа други го поддржуваат овој кастинг со што настана вистинска војна на Твитер.

Имено, постојат две мислења во историјата. Познато е дека Клеопатра била со потекло од Македонија, но не се знае која ѝ била мајка. Првото мислење е дека мајката на Клеопатра е од Египет, додека второто мислење е дека и таа била Македонка. Токму поради второто мислење повеќето сметаат дека Гадот, како актерка од Израел, е одличен избор за улогата.