Бурниот живот на капитенот на српската репрезентација: Љубовницата му родила син, па ѝ се вратил на сопругата (ФОТО)

2070

Капитенот на српската фудбалска репрезентација веќе со години е тема на српските таблоиди. Александар Коларов е во брак со Весна Коларов и имаат две деца, но со години ја имал и љубовницата Кристина, за која пишувале и британските таблоиди за времето додека играл во Манчестер Сити.

Коларов, наведуваат српските медиуми, осум години бил во паралелна врска со Весна и Кристина, а љубовницата пред три години му родила син. Нивната приказна започнала како авантура, но Коларов наводно се заљубил во неа, па и плаќал и стан за да можат полесно да се гледаат.

Сопругата неколку пати го напуштала, но секогаш му се враќала. Откако Кристина го родила синот, Коларов и неговото семејство не сакале да зборуваат за детето, но фудбалерот го признал.

Подоцна било откриено дека Коларов ја напуштил љубовницата додека била бремена, но на детето сепак му го дал презимето. Коларов, наводно, не сакал да ја прокоцка новата шанса која му да ја дала сопругата, па ја оставил својата љубовница.

Кристина денес е самохрана мајка, а повремено на Инстаграм објавува фотографии со бебето. Коларов никогаш јавно не зборувал на оваа тема, а неговата сопруга Весна ги избегнува новинарите.