Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, веќе 10 месеци чека одговор од владејачката партија за негово барање да се врати во матичната партија, од која беше исклучен во пресрет на локалните избори во 2013 година, по што ја формираше Алијансата за позитивна Македонија, пишува Независен весник.
Според весникот, Бучковски го поднел барањето за враќање во СДСМ есента минатата година, но се уште не произнел надзорниот одбор, на чие чело е актуелниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески.
Откако беа исклучени за време на владеењето на Бранко Црвенковски, многу социјалдемократи се вратија во партијата откако нов лидер стана Зоран Заев, меѓу кои Димитар Бузлевски, Чедо Саздовски…