Поп-пејачките Александра Јанева и Наташа Малинкова ја објавија својата прва соработка. Дуетот со наслов „Еуфорија“ е дело на авторот Столе Аврамов, а на аранжманот и продукцијата се потпишуваат заедно со Зоран Алексиќ.
„Нашиот летен сингл е карактеристичен заради тоа што е еден од ретките женски дуети на македонската сцена. Се надеваме дека направиме проект кој ќе им се допадне на сите наши поддржувачи“, вели Наташа Малинкова.
За видео-записот се погрижи Pinestel продукција на Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски.
„Еуфорија е нова доза македонска музика од мене и Наташа. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во забавен проект“, дополнува Александра Јанева.
Во видеото, двете русокоси поп-пејачки пеат, танцуваат и се забавуваат заедно со своите бендови со кои интензивно настапуваат низ цела Македонија.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)
































