Француските тенисери докажаа дека оваа земја не е случајно што е првак во фудбал во светот.
Француските тенисери Жо Вилфред Цонга и Беноа Пер направија вистинско шоу на турнирот во Хале каде што во еден момент одиграа поен кој досега не е виден во историјата на тенисот.
На Пер по сервисот во еден момент му испадна рекетот од рацете, а тој немајќи каде да оди одигра со удар со нога и го префрлил топчето на полето на ривалот. Цонга го прифати предизвикот, па покажа дека има прекрасен прием на гради.
Пер на потегот на Цонга возврати со “ножички“ за целосно воодушевување на публиката.
Следеа аплаузи и насмевки за двајцата тенисери, а поенот секако дека му припадна на Цонга.
Тој и на крајот ја однесе победата со 6:4, 7:5, a во наредното коло ќе игра со Роџер Федерер, кој беше подобар од Австралијанецот Џон Милман со 7:6, 6:3.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















