Бран самоубиства на полицајци во Франција

430

Француската полиција побара итен состанок со францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, откако двајца од нивните колеги се самоубија оваа недела.

Така, бројот на самоубиства во полицијата се искачи на 28 на почетокот на годината.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година 68 полицајци си го одзеле животот, објави АП.

Полициските синдикати денеска повикаа на тивки протести во локалните станици во знак на почит спрема полициските службеници.

Според „Монд“, 48-годишен полициски капетан вчера си го одзеде животот со пиштол во полициската станица во Монпелје, на југот на земјата, а 25-годишен полицаец беше пронајден мртов во неговата куќа во предградие на Париз.

Синдикатите наведуваат дека планот што беше направен минатата година за спречување на самоубиствата „треба да стане национална цел и приоритет на Министерството”.

loading...