Американските медиуми пренесуваат дека и натаму се води истрагата против Кристијано Роналдо поради обвинението за силување од 2009-та година.
Кристијано Роналдо, според зборовите на жртвата Кетрин Мајер, во Лас Вегас во 2009-та година ја силувал. Таа неодамна го пријавила тоа, а од полицијата од Лас Вегас за американските медиуми потврдиле дека поседуваат доволно доказен материјал.
Се шпекулираше дека во изминатите осум години исчезнал доказниот материјал за случајот против една од најголемите спортски ѕвезди на денешницата, но портпаролот на полицијата од Лас Вегас потврди дека доказите се уште се тука.
„Тестовите кои што биле направени тогаш немаат исчезнато, тие се во наш посед. Имаме доволно доказен материјал“, изјавил портпаролот на полицијата од Лас Вегас.
Како што пренесуваат американските медиуми, адвокатските тимови биле константно во контакт со полицијата, а наскоро се очекува и сослушување на португалската ѕвезда. Секако, процедурата е сложена затоа што Кристијано Роналдо не е во Соединетите Американски Држави, но се чини дека наскоро ќе мора да се појави пред суд.