Авионите на Воздушно-космичките сили на Русија два пати го нарушиле воздушниот простор на Јужна Кореја во подрачјето на Јапонското море, наведува агенцијата “Јонхап”, повикувајќи се на Комитетот на началници на штабовите на Вооружените сили на Јужна Кореја.
Агенцијата нагласува дека биле кренати ловците на јужнокорејското Воено воздухопловство, кои дури и пукале во знак на предупредување.
Инцидентот се случил на подрачјето на островот Токто, кој се наоѓа источно од јужниот дел на Корејскиот полуостров и претставува предмет на спор меѓу Сеул и Токио.
Според верзијата на Комитетот на началници на штабовите, во ПВО зоната на Јужна Кореја влегле три авиони на Русија и два кинески. Еден руски авион, како што се тврди, два пати го нарушил воздушниот прост – во околу 9:00 и 9:30 наутро по локално време.
Како што се наведува, ова е прв случај руски авиони да го прекршат воздушниот простор на Јужна Кореја.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



