Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се во врска веќе неколку месеци, но нивните заеднички фотографии на социјалната мрежа Инстаграм предизвикаа поделени мислења во јавноста.
Најстарата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, 42-годишната Кортни во јануари на својот Инстаграм профил ја потврди врската со тапанарот од бендот „Blink-182“, Тревис Баркер (45).
Парот дотогаш неколку месеци успешно ја криел својата врска од јавноста, а пред тоа со години биле блиски пријатели.

Но, откако светот дознал дека се заедно, Тревис и Кортни не кријат колку се заљубени еден во друг, а реакциите на нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи се поделени.
И, додека обожавателите на Кардашијан воглавно ја поддржуваат нивната врска, пријателите на Тревис се скептични и многумина на социјалните мрежи коментираат дека тие се неспојлив пар.
Поделени мислења предизвикала и објавата на Тревис на Инстаграм со која што ѝ честитал роденден на Кортни.

Потоа Кортни објави и фотографии од прославата на роденденот на кои што големо внимание привлекоа тетоважите на Тревис.
Тапанарот позирал свртен со грб кон камерата и без маица, па покажал дека на неговата кожа речиси и да нема празно место, односно место на кое нема мастило.
Пред да бидат заедно, Кортни и Тревис со години живееле во иста затворена заедница, во калифорниски Калабасас, па се движеле во исти кругови и станале многу блиски.

За нивната врска се пишувало и во 2018 година кога заедно биле фотографирани како напуштаат вегански ресторан во Лос Анџелес, но тогаш тие тврдеа дека се само пријатели.
Инаку, Баркер зад себе има два пропаднати брака и има две деца, а Кортни е мајка на три деца.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















