Бившата на Даниел Кајмакоски најави пејачка кариера, ама засега… само се слика: Кристина ќе пее или само позира? (ФОТО)

117

Пред бракот со македонскиот победник на „Х-фактор“ таа беше речиси анонимна… Впрочем како и тој пред учеството во големото регионално талент шоу.

На Даниел Кајмакоски победата во истото му направи кариера, а неа, на неговата сега веќе бивша сопруга Кристина Димитриевска, бракот, па разводот со пејачот е на прагот да и ја донесе славата.

Така барем изгледа… Дека таа посакува да ја зграпчи што побргу, само што работите малку се комплицирани, па се испреплетуваат меѓу себе што дополнително ја става во дилема: Да се обиде како пејачка, фитнес тренер или само како модел?

Или да се проба во трите, па што запали – запали…?!

Песната и спотот кои згодната Кристина ја најави во дует со македонскиот рапер и познат фризер Андреј Миске се пред својата премиера. Иако гледајќи го тизерот се наметнува прашањето: госпоѓата во песната пее или само во видеото статира?

Ако се суди по фотографиите од студиото и најавно-одјавниот кајрон, бившата на Кајмакоски ќе се обиде да му стане конкуренција. Или само ќе остане празник за очи на оние кои ќе го гледаат видеото, без да пушти глас?

View this post on Instagram

#SOON #sotebesakampak ???

A post shared by Kristina? (@kristina.dimitry) on

Во меѓувреме сексапилното мињоче не мирува. Фитнесот и часовите по фитнес и се една од главните преокупации… За извајано тело – вретено и сите други телесни атрибути кои Кристина така гордо ги истакнува.

А дека Кристина „гори“ од сексапил и желба истиот јавно да го сподели најдобро покажуваат „премиум“ фотографиите од снимањата на модните едиторијали, фотосесиите, рекламите за долна облека… на најпознатиот македонски бренд од овој тип, чије заштитно лице таа стана однеодамна.

Кога ќе ја погледнете, веднаш ви станува јасно дека Кристина во себе носи некоја „магија“, дека во неа тлее „жар“ кој само го чека најповолниот момент да се распламти…

Доволно надарена со телесен раскош,  динамитната убавица само чека некој повторно да го запали фитилот… За таа одново да „експлодира!“

Бракот и разводот со Кајмакоски ја откри, а она што сега го подготвува и работи треба да ја лансира во јавноста. Само прашање е дали како пејачка, модел или фитнес тренер… Или можеби трите во едно?

Потенцијалот, оној телесниот, кај Кристина  се гледа од авион… Оној вокалниот, ако воопшто се одлучи да го форсира, допрва треба да го докажува.

До душа денес музиката се’ повеќе се „гледа отколку што се слуша“, а кај Кристина Димитри (како што се потпишува) и тоа како има што да се види.

Затоа нека не ве изненади  ако наскоро „авионот“ од манекенската писта, високо се вивне на естрадното небо! Или можеби се загуби, „летајќи во облаци?“