Минатата седмица, непознато лице или група извршиле трансакција во вредност од 94,505 биткоини во вредност од над милијарда долари и тоа во една трансакција.
Сега, сите оние кои што ја следат ситуацијата околу највредната криптовалута на светот се прашуваат кој е одговорен за оваа трансакција која што го веднаш го привлече вниманието.
Whale Alert на Твитер, профил на кој во живо се објавуваат големите трансакции на криптовалути први ја забележаа оваа трансакција и ја објавија во четвртокот навечер по средноевропско време.
Оваа трансакција е една од првите кои имала адреса на примач, а потоа следувале десетина помали трансакции најмногу од 6,644 долари. Засега, сите можат само да нагаѓаат кој би можел да стои зад оваа огромна трансакција со оглед на тоа што адресите вклучени во трансакциите не се познати меѓу заедницата која користи криптовалути.
Постојат околу стотина Биткоин адреси кои на својата сметка имаат повеќе од 10 илјади биткоини, што е 14,95% од вкупната количина на изрударени вакви криптовалути. Сепак, најголемиот број на вакви адреси се всушност Биткоин менувачници.
$1 Billion+ $BTC was transferred in one transaction yesterday. Where did that come from? ?
We took a look and saw that a large percentage of it could be traced to @HuobiGlobal addresses pic.twitter.com/4jdeYMgyNG
— TokenAnalyst (@thetokenanalyst) September 6, 2019
Покрај компаниите и институциите, постојат и таканаречени „китови“ кои што имаат собрано голема количина на биткоин или преку рударење, или пак преку паметно инвестирање.