Мисица, актерка, авантуристка…
37-годишната Јана Маринова е позната бугарска актерка која е една од најпопуларните, имала улоги не само во Бугарија, туку и во Србија, а сега и во Македонија со Преспав каде ја глумеше интригантната Преслава.
Таа до 16 години тренирала атлетика и гимнастика, како што откри еднаш за српските медиуми. Нема факултет за драмски уметности, само три месеци обука во Лос Анџелес од неодамна.
Таа беше Мис на Бугарија, учествуваше во „Преживеан“, тренира и бокс.