Шанкер одбил да послужи жена без маска, доби 50.000 долари бакшиш (ВИДЕО)

497

Масовна поддршка доби работникот во Старбакс што само ги почитувал новите упатства за коронавирусот во Калифорнија.

Еден гневен пост на интернет, чија цел била да посрами шанкер во Старбакс зашто едноставно ги следел регулативите за коронавирусот – ѝ се врати на Амбер Лин Гилс како бумеранг, вели британски Индипендент.

Гилс на Фејсбук објави фотографија од работникот во Сан Диего Старбакс, Ленин Гутиерез, и им рече на следбениците дека одбил да ја послужи затоа што не носела маска.

Освен тоа, покривката за лице, додаде таа, „е глупава, а глупави се и луѓето што ги носат“.

Резултатот?

Илјадници луѓе ѝ одговорија дека калифорнискиот државен закон сега бара скоро сите да носат маски на јавни места, а страницата „Фундирај ме“ (GoFundMe) покрена иницијатива 24-годишниот Гутиерез да добива бакшиш како знак на поддршка.

До саботата наутро, сумата на бакшишот изнесуваше 50.000 американски долари.

Г-ѓа Гил, во меѓувреме, се повлече откако рече дека добила илјадници смртни закани.

Во видеото снимено по објавата на виралниот оригинален пост, Гутиерез, танчар во подем, за инцидентот рече дека сакал да ѝ покаже документ дека бараат да се носат маски за лице, но дека таа го одбила.

„Почна да жестоко да колне, почна да ги нарекува луѓето овци и си замина, а по неколку минути се врати и ме праша како се викам.“

Заблагодарувајќи им се на луѓето за бакшишот, тој рече: „Сакам да ги потсетам сите да бидат љубезни едни кон други и да се сакаат едни со други“.