Илон Маск, еден од најбогатите луѓе на светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу “Saturday Night Live” изјавил дека има Аспергеров синдром.
Во воведното обраќање до гледачите порачал дека е прво со лице со Аспергеров синдром кое го води ова шоу, но тоа не е точно.
Имено, канадскиот актер Ден Ејкројд во 2003-та година бил првиот гостин-водител на шоуто со овој синдром, а кој притоа отворено зборувал за тоа, пренесува американскиот весник “Daily Beast”.

Остатокот од обраќањето Маск го искористил да се пошегува на сметка на својот статус, како и на својата фасцинираност од криптовалутата “Dogecoin”.
Аспергеровиот синдром инаку е состојба од аутистичен спектар, која не е поврзана со социјални потешкотии. Некои експерти предлагаат вработување на лица со овој синдром, бидејќи можат да остварат успех во технологијата, претприемништвото и други работи за кои се потребни аналитички вештини.

Списанието “Forbes” богатството на Маск го проценило на 166 милијари долари. Поголем дел од богатството остварил со косопствеништвото во компанијата “Tesla” и целосната сопственост над компанијата “Space X”.
Тој не е првиот милијардер кој бил водител на шоуто “Saturday Night Live”. Пред него во оваа улога биле поранешниот претседател Доналд Трамп, водителката Опра Винфри и екс-кошаркарот Мајкл Џордан.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











