Маја Оџаклиевска: Чувам болно дете од аутизам со пензија од 18 илјади денари!

419

Пејачката Маја Оџаклиевска пред 15 години одлучи да се откаже од музиката и од тогаш се појавува само во некои телевизиски емисии и во целост е посветена на семејството, односно на 8-годишниот внук Лука на кој пред пет години му беше дијагностициран аутизам.

“Кога дознавме дека боледува од аутизам целиот свет ми се сруши. Најкриво од се ми е што мојата ќерка роди здраво и право бебе”, рекла пејачката и додала дека најтешко и е што Лука пати најмногу од сите.

“Неговата душичка е многу напатена, на секој од нас секојдневно му пречат многу работи, а нему на пример му пречи се, па дури и лаењето на кучињата. Тоа е индивидуална работа и секое дете кое боледува од аутизам живее во свој свет и сите меѓу себе се разликуваат”, потенцирала пејачката.

Кога одлучила да му откаже дружба на микрофонот, продолжила да живее со пензија од 18 илјади денари месечно, но не се жали затоа што смета дека многу подобро и е да живее скромно и да го чува внукот, отколку да пее за смешни хонорари и да патува и работи за “ништо”.

“Не можам многу работи да му пружам на внукот со мојата мала пензија, но тој е разумен и кога ќе му кажам дека немаме пари за да си ја дозволиме таа играчка, не се лути. Не е бесно дете кое што мора да си истера по свое”, заклучила Оџаклиевска.