На социјалните мрежи кружи снимка од бебе кое е заробено во машина за перење, а како што пренесуваат странските медиуми, ова дете било затворено внатре и снимано од бебистерот.
Како што може да се види на снимката, 2-годишниот Каспер се обидува да ја отвори вратата, но безуспешно. Според пишувањето на британски “Metro”, 21-годишната мајка го оставила своето дете со познаник за да заврши некои работи надвор од дома.
Меѓутоа, кога се вратила, имала што да види. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, отворена била истрага за злоставување на бебе, а во самиот случај е вклучена и социјалната служба. Детето, за среќа, во текот на овој инцидент не било повредено.
Во текот на истрагата на случајот, полицијата пронашла и фотографии на кои 2-годишното дете се принудува да пуши цигари. Мајката негирала дека има врска со овој случај, тврдејќи дека го оставила телефонот дома.
Видеото го објавил 19-годишникот по име Матеус кој бил приведен од полицијата, но набрзо и ослободен. Уште еден 18-годишник бил приведен по повод овој случај, како и таткото на детето.
Мирослав Влачник, окружен обвинител, рекол за тамошните медиуми дека ако двајцата мажи бидат прогласени за виновни, им следува казна затвор од 10 години.