Првиот предизвик за Македонија во новата сезона од Лигата на нации ќе биде репрезентацијата на Ерменија. Гостинот е во нашиот главен град, а во него има и двајца екс играчи на ФК Вардар. Се работи за Тигран Барсегјан и Хофханес Хамбарџумјан.
Одличните играчи не го забораваат Скопје и Вардар. Барсегјан сподели фотографија и напиша: Скопје, ми фалеше. Исто така и Хамбарџумјан не остана рамнодушен па сподели фотографија и напиша: Скопје, втор дом.
Натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија се игра в сабота со почеток од 15:00 часот.