Маргарита Томовска, позната во австралиската јавност како Мерцедес Maма, откако учествуваше во полициска потера со нејзиното бебе на задното седиште, ги збуни своите фанови на Инстаграм кога откри дека е невработена, пренесува The Sun.
Следбениците се збунети од тоа што Томовска речиси секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи, покажувајќи го нејзиниот луксузен живот и се фали со скапи автомобили и дизајнерска облека. Кога ја прашале како може да си дозволи таков живот ако не заработува, им го покажала банкарскиот извод на кој има околу 600.000 евра.
Таа призна дека трошела само за облекаоколу 5 000 евра неделно и ја финансира нејзиното момче, но истакна дека тој не бил нејзиниот ,,сладок дедо” како што мислат сите.
„Немам потреба да работам“, рече таа.
Дечкото, како што вели, е помладо од неа, но не сака да го открие неговиот идентитет за да не и го грабнат други девојки.
“Девојките се змии и ќе се обидат да бидат со него само за да го имаат мојот живот. Ова ми се случило трипати”, признава таа за британскиот таблоид.
Томовска помина четири месеци во затвор за учество во споменатата полициска потера во која бегала со 230 км/час на полицијата , додека на задното седиште била нејзината тригодишна ќерка, и откри дека сега пишува книга за своето искуство во ќелијата.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

