Ледено пространство и американска желба – Запознајте го Гренланд и дознајте какво е таму

234

Гренланд е арктички остров речиси на северниот пол и Доналд Трамп сака да го купи – тоа веќе сигурно го знаете. Но, дали сте знаеле дека Американците и претходно сакале да го купат Гренланд? И дека таму некогаш било шума?

Колку и да звучи апсурдно тоа што Трамп сака да го купи Гренланд, сепак не е ништо чудно, а ниту пак ново. По Втората светска војна, американскиот претседател Хари Труман сакал да го купи арктичкиот остров за 100.000 долари. Данската влада тоа го одбила.

Но, зошто Гренланд, најголемиот остров на светот ѝ припаѓа токму на Данска? Географски гледано, нема сомнеж дека островот се наоѓа во Северна Америка. Данска од Гренланд е оддалечена повеќе од 3.000 километри, помеѓу се наоѓаат Исланд и еден дел од Норвешка.

Сè започнало со викинзите, а пресудни биле ловците на китови кои во 18-от и 19-от век поголемиот дел дошле од Норвешка, Холандија, Германија и Данска.

Тие граделе населби и бази. Имало многу конфликти, а победиле Данците. И така огромниот Гренланд во 1933-та година конечно ѝ припаднал на Данска, пишуваат од „Дојче Веле“.

Гренланд некогаш бил зелен

Гренланд значи “зелена земја“. Тоа денес тешко е да се замисли затоа што овој остров е 85 отсто со мраз, но Гренланд некогаш бил многу потопол.

Истражувачите во ситуациите кога го бушеле мразот под него нашле ДНК од дрвја, пеперутки и други инсекти. И затоа се дошло до заклучок дека пред 450.000 до 900.000 години Гренланд бил покриен со шума.

Во меѓувреме климата повторно се менува, температурите растат, а Гренланд е погоден од тоа. Од 1990-та година просечната летна температура пораснала за 1.8 степени, а зимската за три степени.

Ледената покривка и глечерите кои се дебели 3.8000 метри се топат. Покрај тоа сè повеќе врне дожд што дополнително го забрзува топењето на мразот.

Денес Гренланд е населен само во некои делови од крајбрежјето. Благодарение на Голфската струја, климата е пријатна за луѓето на западното крајбрежје. Таму има поголем дел на села и градови, вклучувајќи го и главниот град Нук со 18.000 жители.

На Гренланд живеат околу 56.000 луѓе, а густината на население е најниска на светот. Само на Антарктикот живеат помалку луѓе од Гренланд.

На островот нема патишта или железнички кои ги спојуваат селата и градовите. Во внатрешноста на градовите има патишта кои завршуваат на периферијата. За да се стигне од еден до друг град на Гренланд патуваат со авиони, бродови, хеликоптери, мотори или пак санки кои ги влечат кучиња.

Тоа исто така би можело да се промени со климатските промени. Помалку мраз значи повеќе место за луѓето.

Ловот на богатството наскоро ќе почне.