Aрбер Адеми од ДУИ: Ако Албанците бидат под 20%, нема да ги прифатам резултатите

54

„Пописот треба да биде празничен ден каде граѓанинот ќе даде информации за себе, за својот имот. Граѓанинот ќе даде информација бидејќи е фактор, субјект во оваа држава“, рече Снопче.

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбер Адеми, рече дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите. Тој меѓу друго говореше и околу новините во Законот за попис.

Адеми, како поранешен министер за образование изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18. „Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121.272 Македонци, односно 64,22%, а 60,709 Албанци, односно 32,15%“, рече Адеми.

И според Снопче, Албанците во Македонија се над 29%. Вели дека немаат доверба во Државниот завод за статистика за спроведување на пописот.