Гледачите велат дека не можат да спијат по гледањето на серијата за еден од најморничавите убијци: „Топло ми е во собата, но…“

78

Новата серија на Нетфликс, „Night Stalker“ направена за еден од најморничавите убијци во историјата на Америка, набрзо стана хит, но гледачите навистина се исплашени од истата.

Серијата од четири продолженија ја следи потрагата по Ричард Рамирез кој што во 1985-та година сеел страв по улиците на Лос Анџелес.

Иако тоа лето температурите рекордно растеле, многумина не се осудувале да ги отворат прозорците од домовите во текот на ноќта затоа што во градот се шетал сериски убиец кој што се вовлекувал во домовите од луѓето, силувал и убивал.

Сите биле исплашени дека Рамирез, за разлика од останатите сериски убијци, немал свој тип на жртви туку убивал и мажи и жени и млади и стари, па дури и деца.

Понекогаш ги ограбувал домовите од своите жртви, а понекогаш откако ќе го направел тоа ги оставал живи.

Неговите злодела толку многу се разликувале што на многумина им било тешко да поверуваат дека станува збор за еден криминалец, а серијата ја следи приказната на двајцата детективи од Лос Анџелес кои што успеале да го најдат убиецот и да го уапсат.

Многу од твитерџиите коментирале дека по гледањето на серијата имале проблем со спиење, особено покрај отворен прозорец.

„Топло ми е во собата и сакам да го отворам прозорецот, но по гледањето на серијата… Не би го направила тоа“.