Досегашниот заменик министер за образование и наука Арбeр Адеми денеска официјално ја презеде челната позиција во Министерството за образование и наука.
На примопредавањето на функцијата, Адеми се заблагодари на Владата, на претседателите на коалициските партии во Владата и на Собранието за дадената доверба да раководи со ресорот, нагласувајќи дека фокусот на работата останува насочен кон реформирањето на основното и средното образование, преку усвојување и примена на новите законски решенија, наставни програми и учебници со подобрена содржина, поголема промоција на средното стручно образование, доследна примена и почитување на новиот Закон за високо образование, како и заложби за повеќе средства за науката и истражувањето.
„Во периодот што следи ќе продолжам со ист ентузијазам и со реализација на зацртаните приоритети, проекти, мерки активности кои впрочем и се дефинирани во програмата за работа на Владата, како и во стратешките документи на Министерството за образование и наука, односно во Стратегијата за образование 2018-2025, Стратешкиот план за работа и во програмата за работа“, истакна Адеми.
Потенцираше дека останува отворен за соработка со сите општествени чинители кои се засегнати директно и со оние кои имаат добри предлози и идеи како да се прошират и подобрат образовните можности за граѓаните на Република Македонија. Тој изрази задоволство и се заблагодари за досегашната работа и соработка со министерката Рената Дескоска на која и посака успех и позитивни резултати во новиот ресор со кој ќе раководи во следниот период.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

