Апел на скопјанката Снежана: Во сообраќајка останав без двете нозе, помогнете ми да ставам протези

456

Поминаа повеќе од две години од страшната сообраќајна несреќа која се случи во Турција, помеѓу македонски туристички автобус и камион што превезувал јаглен.

На Снежана Караџовска, една од патничките, и беа ампутирани нозете над колената, но се чини дека среќата конечно ќе и се насмевне.

Таа апелираше на својот Фејсбук профил за помош, затоа што нашла место каде ќе можи да се изврши потребниот третман и обука со кликпротези.