Град Скопје соопшти дека во предвидениот буџет останале парични средства за уште 300 барања за субвенции за купување на велосипед.
Од објавувањето на јавниот повик па се до денес поднесени се вкупно 2.860 барања за субвенции што е јасен показател за големиот интерес за добивање на средства за надоместок на трошоците за купување велосипед.
Средствата ќе бидат во износ од 50{a6b2531da383e2815cbde0383cf5be6fe33325c5a4b26092640bf7c84d117a3c} од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по апликант, односно од 50{a6b2531da383e2815cbde0383cf5be6fe33325c5a4b26092640bf7c84d117a3c} од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари по апликант.
Барателот треба да ги исполни следните услови:
да е жител на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари),
подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје,
велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (до 31.08.2018),
да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).
Јавниот повик се реализира по принципот “прв дојден, прв услужен“.