Младата пејачка, Антониа Гиговска во последно време успешно го задржува вниманието на јавноста.
Пред неколку седмици изненади со драстичната промена во изгледот, иако на крајот со новите фотографии забележавме дека станувало збор за краткотрајна промена, односно дека носела перика.
Било како, таа со денови беше “главна“ тема во медиумите кои ги следат македонските познати личности.
Антониа со секоја нова објава на Инстаграм предизвикува позитивни реакции, па таков е случајот и со последната.
Имено, Гиговска веќе неколку месеци е во врска со 10 години постариот колега Иван Јованов од составот „Либеро Бенд“ и неретко знаат да објават заедничка фотографија.
Но, вчерашната објава на Антониа се разликува од претходните поради едмотивната порака која ја напиша во описот под фотографијата.
„Се сеќавам дека беше многу одамна. Имаше искри помеѓу нас во тоа време, но само на далечина. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека двајцата сме тотално исти, не само поради она за кое што и двајцата мечтаеме (музиката) туку и поради нашите сродни души. Нема вистинска прилика за ова, само го чувствувам тоа секој ден… Како првиот ден… Те сакам!“
Фотографијата за помалку од 24 часа собра повеќе од 8.000 лајкови, и многу позитивни коментари од нејзините фанови.