Англиските навивачи имаа за што да се радуваат на второто полуфинале на „Вембли“. Нивната репрезентација со погодок во продoлженијата успеа да ја елиминира Данска.
Меѓутоа Европската куќа на фудбалот (УЕФА) разгледува можна санкција за Англија. Причина за тоа е користењето ласер од трибините за време на пеналот, кој Каспер Шмајхел успеа да му го одбрани на Хари Кејн.
Исто така Англичаните би можеле да одговараат за однесувањето на фановите на трибините. Тие направија инциденти за време на химните, а во еден дел од натпреварот запалија факели.
Данците се жалат на судијата Дани Макеле кој досуди сомнителен пенал кој го одлучи победникот. Дури и по разгледувањето на ВАР-снимката, холандскиот арбитар ја потврди својата одлука, на што не се согласи поголемиот дел од фудбалската јавност.