Анчелоти беше сведок на најбизарната замена во Премиер лигата, неговата реакција ја обиколи Англија (Видео)

846

Евертон продолжи да се искачува на табелата во Премиер лигата под водство на Карло Анчелоти и со денешната победа над Кристал Палас дојде до седмото место, а фактот што „карамелите“ веќе пет меча не знаат за пораз во домашното првенство е добар доказ дека искусниот Италијанец и тоа како ја поправи сликата на „Гудисон парк“.

Бернар, Ричарлисон и Калверт Луин беа стрелци на головите на Евертон во победата од 3:1, но наспроти сето задоволство, Карло Анчелоти беше приморан да гледа и една бизарна сцена која ја изнасмеа цела Англија, а која него во прв момент го разбесни. Џибрил Сидибе беше подготвен да влезе во игра на место на повредениот Волкот, но замената се одложи неколку минути откако стана јасно дека Сидибе ја заборавил едната чорапа, поради што мораше да се враќа во соблекувалната….