Лука Дончич уште еднаш ја потврди својата кошаркарска големина, со неверојатна игра! Словенечкиот репрезентативец го одигра најдобриот меч досега во својата кратка NBA кариера. Ноќеска постигна 42 поени, 12 асистенции и 11 скокови во победата на неговиот Далас над Сан Антонио, со 117:110 пред своите фанови. За него ова е 6-ти трипл-дабл сезонава. “Чудото од дете”, буквално ги “растури” Spurs-и, кои немаа никакво решение за него, па дури ниту одличниот Demar Derozan, кој мечот го заврши со 36 поени не можеше да му парира. Со ваква игра на Дончич не е никакво изненадување што Далас успеа да дојде до нов триумф.

Со овој меч Дончич стана втор најмлад кошаркар (20 години и 263 дена) во историјата што остварил трипл-дабл со над 40 постигнати поени, зад LeBron James, кој имаше вакво достигнување на возраст од 20 години и 100 дена. Како што сме потенцирале многу пати предходно, небото е лимит за ова момче!
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












