Прашањето за тоа како хемијата стана биологија е можеби највозбудливото научно прашање за човештвото. Иако ова прашање има многу одговори, ниту еден од нив не е сигурен. Научниците сеуште не се сигурни ниту како настанале молекулите на ДНК и РНК.
Иако има неколку добри идеи засега непознат е дури и репертоарот на хемиски материи потребни за отпочнување на биолошките процеси. Новата студија во Хемија на Природата можеби идентификуваше компонента која е одговорна за горенаведеното – хемикалија наречена диамидофосфат (DAP).
За да се удри основата на биологијата потребни се три класи на хемиски материи : пептиди (движечката сила на интрацелуларната активност), липиди (ги обвиваат клетките во заштитна мембрана), нуклеотиди (чуварите на генетската информација). Може да ги замислите како моторите, штитовите и мозокот на клетките.
Реална шанса за создавање на животот постои само ако овие три молекули настанале симултано. Научниците веќе некое време се обидуваат да откријат како ова се случило и се чини дека тимот од Скрипс Институтот за Истражување ја постигнал таа цел. Со помош на низа прецизни хемиски експерименти, истражувачите заклучиле дека можеби катализаторот кој сите го барале е гореспоменатиот DAP. Со помош на примитивни хемиски материи, за кои има голема веројатност дека биле присутни на Земјата пред повеќе од 4 милијарди години, тимот потврди дека со додавањето на DAP пептидите, липидите и нуклеотидите на клетката би можеле спонтано да настанат. Важно е дека овие реакции се случиле при поширок опсег на температури и други услови, што сугерира дека DAP е поприлично еластична молекула.
Заслуги: Vietnam Stock Images/Shutterstock
„Со овие услови, DAP и вода возможно е трите најважни класи на протобиолошки молекули да стапат во интеракција“, изјави Раманарајанан Кришнамурти, професор по хемија на Скрипс Институтот.
Авторите на студијата признаваат дека ова е тешко да се докаже, но тие се во иста ситуација како и останатите студии за оваа проблематика. Сепак, неверојатна е самата помисла дека само една молекула, DAP, може да биде одговорна за сиот жив свет познат досега. Може ли да се покаже дека само една хемиска компонента е одговорна за создавањето живот?
Извор: IFL Science















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















