„Ти велат дека си храбра?! Ова е одвратно!“: Голата фотографија од најпознатата плус сајз манекенка го подели светот

354

Американската плус сајз манекенка и ТВ личност, Ешли Греам, објави фотографија на својот Инстаграм профил на која е потполно гола и со тоа ги подели мислењата на своите следбеници.

Ешли овојпат застанала пред огледало во купатилото, ја соблекла облеката и гордо ги покажала своите „недостатоци“ како стриите и вишокот килограми.

Во таа прилика ги прекрила бујните гради со рацете, додека меѓуножјето не ѝ се гледало. Мократа коса ѝ паѓала на страна, а во рацете го држела само мобилниот телефон.

View this post on Instagram

nakie big girl 👋🏽

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Додека некои фанови коментирале дека е одлично тоа што го покажува своето тело иако не е слаба, други сметаат дека ваквата фотографија е непримерна и дегутантна за социјалните мрежи бидејќи ваквите објави се достапни и за малолетни лица.

„Кога некоја слаба девојка ќе објави фотографија на која позира гола тогаш станува збор за девојка со сомнителен морал. А, кога тоа ќе го направи „полничка“ жена, тогаш луѓето коментираат дека е храбра. Зошто ти велат дека си храбра? Ова е одвратно, ти си мајка“, гласи еден од коментарите под објавата.

Ешли е една од оние жени кои не се срамат да откриваат лични работи на социјалните мрежи. Таа често објавува разголени фотографии и ја истакнува важноста на љубовта кон себе и прифаќање на своето тело.

https://www.instagram.com/p/B8rmePLgwac/?utm_source=ig_embed

Таа во бременоста „накачила“ 22 килограми, но тоа не ја загрижувало премногу.

„Никогаш не сум се чувствувала подобро и благодарна сум што моето тело и мојот син ми овозможија да бидам подвижна и флексибилна колку што сум“, изјавила Греам.