Алиоски: Натпреварот со Украина ќе биде финале. Со победа имаме големи шанси да ја поминеме групата

80

Репрезентацијата на Македонија веќе ја надмина Австрија и сега сите сили и размислувања се насочени кон вториот дуел на Европското првенство, в четврток против Украина.

На денешниот брифинг, зборуваше неуморниот Езџан Алиоски. Според левиот бек, Украина има опасен напад, а за победа фудбалерите мора повеќе да веруваат во себе.

„Резултатот против Австрија не беше во наша корист. Имаме време за да се опоравимe. Ништо не е готово. Се подготвуваме за Украина. Ќе ги анализираме, знаеме што направивме на првиот натпревар. Ги знаеме грешките, натпреварот со Украина ќе биде финале. Со победа имаме големи шанси да ја поминеме групата.

Мора да бидеме Македонија, да ја играме нашата игра. Не е важно дека загубивме. Кога ја гледавме средбата, тоа што го одигравме 70 минути беше добро. Мора да играме како против Австрија. Да веруваме повеќе во нас, дека ги имаме квалитетите за победа. Доцна е по мечот зошто нешто не сме направиле. Дуелот со Украина е финале за нас, за да имаме шанса за поминување на групата. Фокусот мора да ни биде само на тој натпревар.

Украина игра добар фудбал, има одлични индивидуалци во офанзивата. Тие можат да бидат опасни. Мора да бидеме подготвени за нив. Ако добро се браниме, можеме да ги изненадиме. Мора да бидеме подобри од дуелот со Австрија. Знаеме што треба да направиме подобро. Нема многу работи за поправање, тимот е одличен. Мора повеќе да веруваме во себе. Имаме квалитети и да примиме гол, можеме да реализираме двапати,

Секој меч е тежок, финале за нас, мора да играме на победа за да сонуваме за успех. Не треба да паничиме, мора да го задржиме фокусот. Едно финале загубивме, остануваат уште две. Важните натпревари се потешки, бидејќи има притисок“, изјави Алиоски.

ep-2020-fudbal-avstrija-makedonija-13.06.2021-3.jpg

Алиоски е стандарден првотимец, еден од најкористените играчи во тимот на Ангеловски, а заедно со соиграчите од македонскиот табор ќе мора да го поправа впечатокот и да брка добар резултат со Украина.

Пресметката со Украинците во Букурешт ќе се одигра в четврток, со почеток од 15:00 часот.