Александар Ивановски: Ибрахимовиќ не само што ни заби нож в грб, туку и го заврте!

334

Навивачите на Малме уште не можат да му простат на Златан Ибрахимовиќ тоа што финансиски влезе во ривалскиот клуб Хамарби.

Легендарниот фудбалер откупи 25% од акции од овој клуб, па поради тоа вандали го уништија неговиот споменик во родниот Малме за чиј истоимен клуб тој играше на почетокот од кариерата. Споменикот прво беше исшаран со спреј и пален со факели, на раката му беше обесена даска од WC, па скршен носот за на крајот да биде тотално уништен и соборен. Сега почна петиција постаментот и тоа што остана целосно да биде тргнато.

„Предавството е толку длабоко и оди против се што зборувал тој. Секогаш кажуваше дека Малме му е роден град и дека ќе го сака како ниеден клуб. Сега купи четвртина од сопственоста на конкурентен клуб и зборува дека од него сака да направи најсилен во Скандинација. Не само што ни заби нож в грб, туку го сврте за да не боли повеќе“, зборува навивач на Малме со име Александар Ивановски, очигледно со потекло од овие простори.

Златан во меѓувреме направи трансфер во Милан каде се врати по пауза од 10 години.