Љубовни триаголници: Славни дами кои се сплеткаа со бивши на другарките

277
Постојат ѕвезди за кои не важат кодексите на женското пријателство. Тие започнаа емотивна врска со поранешните партнери на своите блиски пријателки. И не гледаа ништо чудно во таквиот однос.

Кои се славните дами што се сплеткаа со бившите на другарките? Ова се дел од најпознатите љубовни триаголници:

Кејт Хадсон, Алекс Родригез, Камерон Диаз

Алекс Родригез имаше прилично бурен љубовен живот и пред да ја сретне латино дивата Џенифер Лопез. Тој започна романса со Кејт Хадсон летото во 2009 година. Набрзо шармерот ѝ го скрши срцето на глумицата.

А, само неколку седмици подоцна, бејзбол играчот беше виден со уште една холивудска убавица. Врската со Камерон Диаз траеше 7 месеци.

ljubovni-triagolnici-slavni-dami-koi-se-spletkaa-so-bivshite-na-drugarkite-2.jpg

Кара Делевињ, Хари Стајлс, Тејлор Свифт

Љубовта меѓу Хари Стајлс и Тејлор Свифт се роди во 2012 година. Двојката проба да се скрие од папараците и не ги коментираше гласините за нивниот однос. Издржаа околу три месеци заедно, по што веста за раскинувањето ги изненади фановите.

Недолго потоа, пејачот влета во прегратките на Кара Делевињ. Меѓутоа, набрзо пропадна и оваа врска. Инсајдерите тврдат дека поранешниот член на One Direction сакал да изгради нешто сериозно со манекенката, ама со девојка како неа, тоа не било возможно.

ljubovni-triagolnici-slavni-dami-koi-se-spletkaa-so-bivshite-na-drugarkite-3.jpg

Кејт Бекинсејл, Мајкл Шин, Сара Силверман

Кејт Бекинсејл и Мајкл Шин се разделија во 2003 година. После осум години поминати заедно, тие сѐ уште комуницираат, водејќи грижа за ќерката Лили.  Во 2014 година, пак, актерот заплови во љубовните води со глумицата Сара Силверман. А, во февруари годинава, парот официјално го соопшти прекинот на врската.

ljubovni-triagolnici-slavni-dami-koi-se-spletkaa-so-bivshite-na-drugarkite-4.jpg

Кортни Кокс, Адам Дуриц, Џенифер Анистон

Ви се верува ли и најдобрите пријателки во Холивуд се забавувале со исто момче? Додуша во различни децении. Џенифер Анистон имала кратка авантура со Адам Дуриц во 1995 година. Кортни Кокс, пак, беше заедно со музичарот во текот на цела 2007 година.

ljubovni-triagolnici-slavni-dami-koi-se-spletkaa-so-bivshite-na-drugarkite-5.jpg

Гвинет Палтроу, Лук Вилсон, Дру Баримор

Лук Вилсон и Дру Баримор беа љубовен тандем кон крајот на ’90-тите. Тогаш не се појавуваа само во јавноста, туку и глумеа заедно во филмот „Home Fries“. Малку подоцна, во 2001 година, актерот се сплетка и со Гвинет Палтроу.

Со неа играше во „The Royal Tenenbaums“. Се чини дека слабост му се партнерките од големото платно.

ljubovni-triagolnici-slavni-dami-koi-se-spletkaa-so-bivshite-na-drugarkite-6.jpg