Доаѓа уште едно ангелче: Гордана Деан Поп Христова повторно ќе стане баба, но овој пат од првата ќерка (фото)

181

Кон средината на месец јуни годинава, Гордана Деан Поп Христова и нејзиниот сопруг Кирил Поп Христов за првпат станаа баба и дедо кога нивната ќерка Јоана најпрвин се омажи, а потоа роди син на Еквадор каде моментално живее.

Сега радоста во семејството ќе се дуплира, бидејќи ќерката на Гордана од првиот брак, актерката Нина Деан во месец април ќе им донесе на свет уште едно ангелче.

ФОТО:ГОРДАНА ДЕАН ПОП ХРИСТОВА/ФЕЈСБУК

Во интервју за порталот „7 дена.мк“, Нина открива дека во животот и се случило чудо за кое не ни претпоставувала.

Имено, таа чека дете заедно со нејзината прва љубов, Мартин, со кој по повеќе години животот повторно ги споил, а дека судбината имала план за нив, потврда е и плодот на нивната љубов кој таа го носи во стомакот.

ФОТО:НИНА ДЕАН/ФЕЈСБУК

-Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото, вели Нина за „7 дена.мк“.

Нина деновиве се појави на едно снимање од каде објави фотографии на социјалните мрежи, а на истите се гледа нејзиното нараснато трудничко стомаче кое допрва ќе расте и расте, се до породувањето кое треба да се случи во месец април.

ФОТО:НИНА ДЕАН/ИНСТАГРАМ

За потсетување, Нина покрај работата во МНТ, пред неколку месеци ја гледавме и во улога на водителка на македонското музичко шоу за таленти „Ѕвезда број 1“.