„Годишно се врши формулација на вакцините врз основа на податоци за циркулацијата на соевите на вирусот, за да се утврди дали е потребна некаква измена“, изјавил директорот на рускиот Државен истражувачки центар „Вектор“ за вирусологија и биотехнологија – Ринат Максјутов.
„Вакцините за коронавирусот можат брзо да се изменат во иднина доколку се појават нови соеви од истиот, без претходно спроведување на претклинички и клинички тестови“, изјавил директорот на рускиот Државен истражувачки центар „Вектор“, Максјутов, пренесува „Србија Данас“.
„Годишно се вршат формулации за вакцините врз основа на податоци за циркулацијата на соевите од вирусите за да се утврди дали е потребно да се направи некаква измена“, изјавил Максјутов.
Тој додал дека во зависност од платформите кои што се користат против коронавирусот, измената може брзо да се направи без повторување на тестови и за овој вирус.
„Во реалноста ситуацијата ќе биде појасна со текот на времето“, додал експертот.
Претходно Дарија Јегорова од истражувачкиот центар „Гамалеј“ изјави дека ситуацијата со мутациите и соевите на новиот коронавирус предизвикала голема загриженост меѓу научниците и дека потребно е постојано да се следи ситуацијата и да се проверува ефикасноста од постоечките вакцини.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











