NBA-Леброн Џејмс стигна до првото место од вечната листа на стрелците (ВИДЕО)

616

Рано утрово, Лос Анџелес Лејкерс ја пречека Оклахома Сити Тандер.

Во центарот на вниманието беше Леброн Џејмс на кој пред натпреварот му недостигаа 36 поени за да дојде до првото место од вечната листа на стрелците. На крајот од третата четвртина “Кралот” со успешен скок шут го надмина Карим Абдул-Џабар и сега се наоѓа на првото место во историјата на лигата. Рекордот кој легендарниот центар на “Лејкерси” го поседуваше речиси 40 години беше конечно соборен.

За жал, домаќините како и целата сезона се мачеа во играта и на крајот го загубија натпреварот со 133:130. Како и да е, оние кој ова утро го гледаа натпреварот беа сведоци на историски подвиг. Леброн апсолутно заслужи вакво достигнување.

NBA FAN
Димитар Младеновски