За убиството на зетот, Тони Ѓорѓиевски-Фердо доби ослободителна пресуда

499

За убиството на зетот од ќерка, битолчанецот Тони Ѓорѓиевски-Фердо доби ослободителна пресуда. По осум месеци поминати во притвор судот во Битола ја прифати одбраната дека Ѓорѓиевски убиството го сторил во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена деновиве, а неа ја потврди синот на Ѓорѓиевски, Јове.

„Конечно судот по осум месеци притвор, донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, напиша Јове Ѓорѓиевски, синот на Фердо.

По убиството Ѓоргиевски за цело време беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за таткото кој само сакаше да ги спаси ќерката и двете деца од, како што велеа, насилникот.

За слобода на својот дедо протестираа и двајцата синови на убиениот Стојанче Соколов.

Во моменот на убиството во домот на Фердо биле шест лица, кои биле потенцијална мета на зеотот кој се заканувал со мачета.

„Убиството се случи во самоодбрана, дојде со намера да нѐ отепа. Проблемот го имавме повеќе од 20 години. Пријавуваме и во полиција и во Социјалното. Беше консуматор на дрога, пиеше“, раскажуваше тогаш синот на Ѓорѓиевски.

Според Обвинителството, починатиот Стојанче, вооружен со мачета, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот Тони Ѓорѓиевски-Фердо и ја скршил.

Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па Стојанче паднал и починал на лице место