Почетокот на новата сезона во италијанската Серија А може да биде одложен.
Главна причина поради ваквата можност е топлотниот бран во земјата, најави претседателот на лигата, Лоренцо Казини.
“Ќе биде многу тешко за играчите ако сезоната започне на 13 август. Првиот проблем е поврзан со климата, бидејќи ако продолжат сегашните температури ќе биде многу тешко да се започне сезоната на тој датум, како што веќе е договорено. Втората причина е дека оваа сезона и онака ќе биде невообичаена само по себе поради паузата поврзана со Светското првенство во Катар.” – изјави Казини за италијанските медиуми.
Температурата во некои области на Италија надминува 40 степени и тоа во моментов е загрижувачки за раководните структури на лигата. Се очекува официјално решение (најдоцна) на почетокот од наредниот месец.
Димитар Младеновски











![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















