Правниот тим на Џони Деп објавил видео од Амбер Херд и Џејмс Франко кое наводно настанало еден ден откако Амбер барала Деп да добие забрана за приоѓање.
Тимот на Џони Деп тврди дека Амбер и Џејмс имале афера.
„Ги сменивте бравите во пентхаусот на 22 мај 2016 година?“, прашала адвокатката на Деп, Камила Васкес.
„Се обидов“, одговорила Херд.
„Навечер сте го повикале Џејмс Франко на вечера?“, прашала адвокатката.
Васкез потоа го покажала видеото од надзорните камери на кое се гледа дека двајцата биле заедно во лифтот, а Франко во еден момент ја потпира својата глава на нејзиното рамо.
„Џони го мразеше Џејмс. Ме обвинуваше дека сум го изневерувала со него откако заедно го снимивме филмот ‘Pineapple Express’“, вели Херд.
Да ве потсетиме, Франко и Илон Маск се наведени на нејзината листа на сведоци, но сепак не се очекува да сведочат.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











