Сите сонуваме да губиме килограми, а да не се потрудиме премногу во врска со тоа. Иако звучи премногу добро за да биде вистинито, британскиот фармацевт Мајк Мекинес смислил режим на исхрана кој помага да слабееме додека спиеме.
„Хибернациската диета се однесува на регулирањето на вашиот личен систем со природно закрепнување и контрола на тежината. Клучот е придвижување на механизмите за закрепнување на телото во текот на ноќта – метаболизмот забрзува, мастите согоруваат, а се намалува и нивото на хормонот на стрес“, изјавил британскиот експерт и истакнал дека пред спиење треба да јадете по една лажичка мед.
Медот е еден од најлековитите дарови на природата, а творецот на „диетата со мед“, тврди дека фруктозата и гликозата во медот на телото му даваат „гориво“ кое му е потребно во текот на ноќта, а кое ја контролира рамнотежата на ниото на шеќер во крвта и го поттикнуваат согорувањето на мастите.
За подобра ефикасност во процесот на слабеење добро би било шеќерот целосно да го замените со мед. Совет е од исхраната да го исфрлите шеќерот, засладената храна и вештачките засладувачи.
Значи, доколку сакате да ослабнете, еден од најважните чекори е 30 минути пред спиењето да изедете една лажичка мед.
Големата количина мед исто така може да го зголеми нивото на шеќер во крвта, а со тоа и нивото на инсулинот затоа препорака е да не консумирате повеќе од една лажица мед.