Првопласираниот тим во NBA, Феникс Санс ја реши задачата против младиот тим на Њу Орлеанс Пеликанс.
“Сонцата” се пласира во второто коло на годинешниов плејоф по синоќешната победа од 115:109 и со конечни 4:2 се пласираа во полуфиналето на западната конференција. Плејмејкерот Крис Пол оствари историско достигнување. “Генералот” постигна 33 поени и 8 асистенции а ги погоди сите 14 шута од поле без ниедно промашување што е NBA плејоф рекорд.
Перфектната стрелба на Пол безицира дуел против Далас Маверикс кој ја елиминираа Јута со 4:2 во победи.
NBA FAN
Димитар Младеновски




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)

































