Со победа на Сан Антонио над фаворизираната Јута, Грег Попович стана тренерот со најмногу победи во историјата на NBA.
Со последниот звук на сирената семафорот означи 104-102 за “спарси” што значеше 1336-ти триумф во кариерата на Попович како главен човек на клупата на тимот од Тексас. Стратегот на Сан Антонио го надмина Дон Нелсон по бројот на победи, а за такво достигнување му беа потребни 300 натпревари помалку.
Пред стартот на првенството, 73 годишниот стратег најави дека ова е негова последна сезона како главен тренер. Во Сан Антонио дојде на 14 Декември 1996-та година кога го замени Боб Хил. По цели 26 сезони одлучува да се повлече како најуспешниот на сите времиња.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















