Роверот на NASA „Perseverance“ кој ја истражува планетата Марс, на планетата Земја испрати неверојатни фотографии кои прикажуваат панорама на Црвената планета, а сега можно е сами да се „упатите“ на Марс – по пат на интерактивно видео кое го поставила NASA.
Фотографиите со високата резолуција кои доаѓаат од Марс особено се интересни поради тоа што ја прикажуваат и околината на роверот во кратерот Језеро со ширина од 360 степени, а сега експертите на NASA од тие фотографии поставиле панорама во облик на интерактивно видео.
Имено, панорамата се состои од 992 индивидуални фотографии кои настанале благодарение на „десното око“ на роверовата камера. Вкупната резолуција на фотографијата изнесува 2,4 милијарди пиксели.

Видеото кое го објави NASA, а кое овозможува истражување на панорамата на Марс како и интересни места на неговата површина, може да го погледнете во продолжение:
Инаку, откако на површината на планетата Марс слета на 18 февруари, „Perseverance“ бил постојано зафатен.
Успешно го пуштил и хеликоптерот „Ingenuity“, го снимаше неговиот прв лет, демонстрираше можно создавање на кислород од атмосферата на Марс, снимаше атмосферски звуци и направи повеќе од 75 илјади фотографии.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











