Мурињо: Почит за играчи како Пандев, максимално е подготвен за ЕП на 38 години

174

Горан Пандев ги доживеа најголемите клупски успеси кога беше дел од Интер. Во тие моменти тренер му беше Жозе Мурињо со кого калчолигашот ја освои Италија и цела Европа.

Португалецот од наредната сезона се враќа во Серија и ќе ја води Рома. Во текот на Европското првенство трофејниот тренер доби шанса да биде експерт за неколку англиски медиуми.

„Не очекувам да има големи изненадувања на ЕП. Според мене Германија, Италија, Франција, Англија, Белгија се на исто ниво.

Голема почит за играчи како Горан Пандев. Заедно со него освоивме тројна круна пред десетина години. Сега тој е максимално подготвен на 38 години да игра на едно големо натпреварување“, вели Мурињо.

Македонија е во фокусот на европската фудбалска јавност, која во нашата репрезентација гледа потенцијално изненадување на турнирот.