Бесими: Се прават анализи за воведување еколошка такса за дизелот

54

Не е исклучено наскоро граѓаните да бидат оптоварени со нова давачка во форма од еколошка такса за дизел горивото, како и да се реализира најавата данокот на додадена вредност за струјата што ја користат доимаќинствата да се намали од 18 на пет проценти.

Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку дена предупредува дека со ребалансот на буџетот кој наскоро треба да се најде пред пратениците, Владата предвидува нова давачка со која цената на дизел горивото трајно ќе се зголеми за четири денари, вчера министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека таква одлука не е донесена, но се прават анализи за воведување еколошка такса. Тој рече дека исто така се прават анализи и за можноста ДДВ за струјата за домаќинствата од сегашните 18 да се намали на пет проценти. Тој потенцира дека и за еднотои за другото Владата нема донесено одлука.

-Влада се уште нема донесено таква одлука, но се прават сеопфатни анализи во делот на еколошката агенда за зелена транзиција, инвестирање во обновлива енергија и создавање еколошки фонд на ниво на Влада, односно за зелен развој. Не се работи за зголемување на акцизи, туку за еколошки такси, се размислува и во делот на нафтените деривати. Се размислува, но нема одлука. По анализите ќе следат консултации со сите чинители, како стопански комори и други чинители опфатени со оваа мерка, рече Бесими.

Истото го повтори и за намалување на ДДВ за струја за домаќинства. Рече дека ги следат барањата на граѓаните, но нема одлука на Владата. По направените анализи ќе има консултации со сите чинители.

Тој тврди дека се уште нема пресметки какви би биле финансиските ефекти од двете мерки и дека не се експлицитно нведени политиките и мерките, но земено е во предвид како тие мерки со фискален ефект ќе се вклопат во проекциите.

-Конкретните борјки ќе следат по дефинирање на мерките и по консултациите, рече министерот без да наведува рокови.

Според неофицијални информации околу двете новини во Владата е постигнат начелен договор, а тие би се  спровеле уште во првата половина од годинава. Министерот Бесими не ги потврдува шпекулаците дека има пресметки кои покажале дека од еколошката такса во буџетот би се слеале 27 муилиони  евра,  а ефектот од помалиот ДДВ за струјата би бил 33 милиони евра. Тој е категоричен дека анализите се уште не се готови и вели дека и двете работи истовременио ќе служат на зелениот развој и на домаќинствата. Образложение за новата давачка со која ќе се оптоварат корисниците на дизел гориво е тоа што нашата держава ја  пригфатила зелената агенда, поточно Париската агенда која е усвоена од ЕУ.

Но, според ВМРО-ДПМНЕ , Владата трајно ќе ја покачи цената на дизелот за четири денари од други причини – за да покрие долгови и да има за тендери.

-Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот.Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери. Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел, реагираше вчера најголемата опозициска партија со забелешка дека секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми.

На обвинувањето на опозицијата дека намалувањето на ДДВ за струјата треба да биде компензација за повисоките трошоци за дизел горивото Бесими одговори дека тоа што во исто време се размислува за двете работи е коинциденција

– Во контекст на либерализацијата ние ги следиме трендовите, но и за ова прашање нема одлука и ќе има консултации – рече тој во врска со идејата за намалување на данокот за струјата.

За двете работи, според министерот, консултациите треба да завршат до крајот на месецов, за потоа Собранието да ги донесе измените на законите.