Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да ја зголеми квотата за прием на бегалците на 62.500 лица.
Минатиот месец, Бајден ги прошири критериумите за имиграција, отстранувајќи една пречка за бегалците кои влегуваат во Соединетите Американски Држави, што ја постави Трамп, но беше одложено укинувањето на годишната граница.
Во изјавата Џо Бајден рече дека новата граница „го брише историски нискиот број поставен од претходната администрација“, додавајќи дека квотата на Трамп не ги одразува американските вредности како нација што прима и поддржува бегалци.
„Важно е да се преземе оваа акција денес со цел да се отстрани долгогодишното сомневање за бегалците ширум светот кои страдале толку многу и кои со нетрпение чекаат да започнат нови животи“, додаде Бајден.
Бајден рече дека е „тажна вистина“ дека САД нема да ја достигнат границата од 62.500 до крајот на годината, со оглед на пандемијата и ограничувањата како и опциите за преместување.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



