Ендер од турската серија „Забрането јаболко“ изгледа неверојатно зад камерите (ФОТО)

1403

Турската актерка Севал Сам публиката ја познава по улогата на Ендер во турската серија „Забрането јаболко“. Ендер во серијата важи за „кралица на интригите“, но и за згодна дама за стил, во приватноста можеби не знае многу за интригите, но затоа е вистинска убавица со уште поистенчен вкус за мода.

Многу често добива позитивни коментари за својот изглед, а улогата на Ендер и донесе голема популарност, па стана еден од омилените ликови во Турција. Таа освен што се занимава со глума, исто така е и позната пејачка и моментално работи на своите нови песни.

Актерката е активна на социјалните мрежи и често знае да објави фотографии, некогаш да сподели некое видео или фотографија од снимањата на „Забрането јаболко“ кое неодамна славеше 100 епизоди.

Меѓутоа, за сите оние како нас, што не ја знаат Севал во приватниот живот, овие фотографии ќе бидат вистинско освежување и мелем за очи.

Извор: Вистина.мк