Корисник на „Google maps“ открил огромен леден брод на Антарктикот – има повеќе теории за што служел

579

Еден вљубеник во „Google maps“ открил мистериозен леден брод долг дури 122 метри, на 160 километри од крајбрежјето на Антарктикот.

Теориите на заговор веднаш започнале…

За што служел тој леден брод? Момчето, новостите за своето откритие веднаш ги споделил на својот Јутјуб канал.

Видеото иницијално прикажува големо парче мраз кое што се издигнува над белиот пејзаж, а кога во еден момент тој вклучил 3D визуализација, објектот добил облик на брод со ниски прозорци, повеќе палуби и оџаци.

Некои од луѓето всушност веруваат дека тој брод служел за транспорт на елитата во случај на глобални катастрофи, односно доколку познатите и богатите одеднаш „исчезнат“ – знаеме каде да ги бараме.

Од друга страна се верува дека во него се скриени скапоцености, додека пак некои тврдат дека тоа била тајна база на нацистите.

„Во изминативе 10-на дена се запознав со нашата планета. Снимам сè што ќе воочам дека е интересно – од длабочините на морето до космосот. Оваа сцена навистина е неверојатна“, изјавил творецот на видеото.

Погледнете го видеото: