Веќе знаеме дека разликата во години е тренд во светот, а исто така е докажано дека мажите сѐ почесто бираат помлади партнерки. Но, што е со жените во подоцнежните години? Дали и тие копнеат да бидат со некој помлад од нив и дали мажите ги доживуваат како привлечни постарите жени?
Било спроведено истражување, а според одговорите на испитаниците дојдовме до 5 причини зошто помладите мажи би биле привлечени од жена во подоцнежните години.
1. Со неа можат отворено да разговараат
Постарите жени нема да ги оптоваруваат мажите со прашања од типот “Дали мислиш дека мојата другарка е секси?” или “Со колку девојки имаш спиено?” Тие се веќе искусни и зрели, па затоа не се оптоваруваат со бизарни работи.
2. Во нив гледаат можност за стекнување нови искуства
Жените во триесеттите и четириесеттите се многу посигурни во себе, во своето тело и во својата сексуалност. Интимноста со нив ветува одлично искуство.
3. Не ги оптоваруваат мажите со голем број на пораки, повици и љубовни испади
Помладите девојки се честопати несигурни во себе, па поради тоа постојано имаат потреба да го тестираат својот партнер, да проверуваат со кого е и што прави. Постарите пак не се оптоваруваат со тие прашања, бидејќи се убедени дека доколку некој сака да изврши неверство ќе го направи тоа и без неговата партнерка да го дознае тоа.
4. Откриваат поинаков и различен начин на живот
20- годишно момче коешто е во врска со девојка 9 години постара од него, ќе се соочи со искуства со коишто неговите врсници не се соочиле. За разлика од неговата генерација тој нема да оди да пие алхохол во пивници и дискотеки и нема да води љубов во студентски домови и автомобили, туку ќе излегува во ресторани, а интимноста ќе ја искуси во некој хотел или пак во станот својата партнерка.