Од синоќешната програма во NBA лигата го издвојуваме мечот во главниот град на САД. Вашингтон го пречека фаворитот Бруклин. Во неизвесен натпревар на кој беа постигнати неверојатни 295 поени, домаќините успеаа да го скршат отпорот на “мрежичките” славејќи со конечни 149:146.
Во дуелот помеѓу поранешните соиграчи и MVP носители, Кевин Дурент и Расел Вестбрук, победата ја зграби новиот плејмејкер на “волшебниците”. Вестбрук пружи навистина волшебна партија сочинета од 41 постигнат поен, 10 скокови и 8 асистенции. Во чекор беше следен од сјајниот шутер Бредли Бил кој реализира 37 поени од кој цели 22 во последната (решавачка) четвртина.
На спротивната страна прв играч беше Кевин Дурент со 37 поени, следен од Џо Херис кој постигна 30. Победата на Вашингтон е уште по импресивна доколку се има во предвид дека во последните 12 секунди постигнаа 8 поени со што го заокружија мечот.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











